Поранешниот играч на Челси, Џон Оби Микел, повторно ќе игра во Премиер лигата. Нигериецот се наоѓал пред трансфер во Шефилд Јунајтед.
Оби Микел по 11 години во Челси, се пресели во 2017 година во Кина во Тијанџин, а во зимскиот преоде рок се врати во Ангалија, но во Чемпионшип дивизијата.
Тој не успеа да им помогне на Мидлзброу да се вратата во Премиер лигата, но од наредната сезона повторно ќе игра во најсилната англиска конкуренција.
Договорот на Нигериецот со Мидслброу истекува наредниот месец, а интерес за него покажале од Шефилд Јунајтед.
Шиефилд се вратија во Премиер лигата и веднаш тргнаа во потрага по засилувања. Во клубот се надеваат дека Оби Микел ќе биде првиот играч што ќе го потпишат за наредната сезона.