Колумбискиот фудбалер Хуан Себастијан Кинтеро имал неверојатна среќа кога го преживеал обидот за убиство, откако навивач на фудбалскиот клуб Депортиво Кали, без причина пукал во неговиот автомобил.
Фудбалерот потоа на колумбиските медиуми им ја раскажал челата случка и како успеал да го преживее нападот.
„Стигнав до зградата во која живеам кога некој ми тропна на прозорот, забележав маж со пиштол во раката, подготвен да пука. Ми беа потребни неколку секунди за да реагирам, силно ја притиснав педалата за гас и избегав. Кога тропна на пенџерето од мојот автомобил го впери пиштолот кон мене и ми рече дека ќе ме убие. Единствено што забележав е дека ги носи боите на фудбалскиот клуб Депортиво Кали. Куршумот заврши во вратата. За среќа јас и мојот брат не сме повредени“, рекол овој 23-годишен фудбалер.