Top Sport

Обвинителот побарал апсење на Иван Савидис

По скандалот што синоќа се случи на стадионот „Тумба“ во Солун, грчкото обвинителство дало налог за апсење на претседателот на ПАОК, Иван Савидис.

Сликите од стадионот на ПАОК молскавично ја обиколија Европа и светот, а во центарот на вниманието е скандалозното однесување на претседателот на „црно-белите“ од Солун, Савидис.

Првиот човек на клубот вооружен со питол влегол на теренот, следен од своето лично обезбедување , и тргнал да се пресмета со главниот судија, откако тој во 89.минута поради офсајд го поништи голот на ПАОК.

Според грчките медиуми, Савидис му се заканил на судијата дека ќе го убие доколку не го признае голот. По долго убедување судијата го ја повлекол својата претходна одлука, го признал голот, но играчите на АЕК со образложение дека не се чувствуваат безбедно, не сакале да го доиграат натпреварот.

Обвинителот идал налог за апсење на Савидс и уште четири лица, за кои се претпоставува дека се дел од неговото обезбедување.

Инаку обвинителот бара апсење на грчко-рускиот бизнисмен бидејќи неовластено влегол на теренот, а не поради тоа што носел пиштол.

ПАОК сигурно го очекува жестока казна, не само од националниот сојуз туку и од УЕФА.

За потесетување пред три недели ПАОК не го одигра дербито против Олимпијакос бидејќи со ролни тоалетна хартија навивачите на солунскиот клуб го погодиле тренерот на гостите Оскар Гарсија.

Подоцна Олимпијакос го доби мечот со службен резултат, на ПАОК му беа одземени три бода, кои му беа вратени во неделата во раните утрински часови бидејќи Сојузот ја прифатил жалбата.

Претседателот на ПАОК шета со пиштол по теренот (Видео)

Scroll to Top