Белград во петокот вечерта го потресе бруталното убиство на еден од водачите „Гробарите“, навивачката група на фудбалскиот клуб Партизан, Љубомир Кича Марковиќ (37).
Јавноста во Србија шпекулира дека убиството е поврзано со борбата за превласт на јужната трибина. Наводно убиениот имал намера да основа нова навивачка група. Не е исклучено дека убиството е поврзано и со трговијата со наркотици.
Местото на кое бил убиен Марковиќ било покриено со десетици камери за видео-надзор. „Блиц“ денес објави снимка од бруталното убиство.
Марковиќ на јавноста и стана познат во 2009 година по убиството на францускиот навивач Брис Татон во центарот на Белград, пред натпреварот помеѓу Партизан и Тулуз. Тој би, осуден на 30 годишна затворска казна, која потоа му била намалена на 15 години затвор.
Одлежал девет години од казната, а на слобода бил пуштен во 2017 година.