Top Sport

Објавена снимка од уривањето на хеликоптерот Шриваданапраба (Видео)

Телвизиската мрежа „Скај“ објави снимка од падот на хеликоптерот на сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер, Вичаи Шриваданапраба. Англиската телевизија објави снимка од една од безбедносните камери, на која се гледа како хеликоптерот полетува, а по нешто повеќе од 30 секунди се урива.

Покрај сопственикот на Лестер во несреќата, што се случи во близина на стадионот „Кинг Пауер“, загинаа уште четири лица.

Вичаи редовно доаѓал и заминувал од стадионот со хеликоптер. Пилотот ја загубил контролата и хеликоптерот се урнал во близина на стадионот, еден час по завршувањето на натпреварот Лестер-Вест Хем (1:1).

Полицијата соопшти дека покрај Вичаи Шриваданапраба, загинале и неговите блиски соработнички Нурсара Сукнамаи и Кавепорн Пунпаре, односно патничката Избела Роза Левовиц и пилотот Ерик Свотер.

Scroll to Top