Британскиот таблоид „Дејли мејл“ објави едно од последните видеа на трагично загинатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала, во моментите кога тој потпишува за премиерлигашот Кардиф.
Сала загина во авионска несреќа над Ла Манш на 21 јануари 2019 година, неколку дена откако го потпиша договорот со велшкиот клуб. Аргентинецот се врати во Нант по потпишувањето за да се поздрави со соиграчите, пред авионот да падне во Ла Манш. Неговото тело беше извлечено на 7 февруари, а подоцна британската истрага покажа дека пилотот на авионо Дејв Иботсон немал лиценца за летови, а авионот бил во лоша состојба.