Српскиот портал „Курир“ објави видео на кое се гледа како украинските хулигани ги тепаат членовите на фудбалскиот клуб на Партизан пред натпреварот од Лигата на Европа во четвртокот.
Десетина хулигани на Динамо Киев ги претепаа камерманот и монтажерот на ТВ Партизан, а инцидентот се случи пред хотелот во кој беше сместен Партизан. Еден од членовите на тимот доби повреда на десното око, додека другиот, за среќа остана без посериозни повреди.
Партизан загуби со 3:1 во Киев, со што го освои второто место во својата група и се пласираше за нокаут-фазата на Лигата на Европа. Динамо заврши како прв.