Смртта на Диего Марадона и понатаму е една од главните теми во Аргетнина, иако легендарниот фудбалер почина пред два и пол месеци. Под истрага се неговиот личен доктор, Леополд Луке и докторката Аугустина Косашов. Обвинителството се обидува да утврди дали тие се виновни за смртта на најголемиот спортист во историјата на Аргентина.
Аргентинкиот портал „Инфобае“, кој од првиот ден ги истражува околностите под кои починал Марадона, објави телефонски разговори на докторот Луке, непосредно пред смртта на Марадона.
„Не се грижи, сега сум на автопатот, велиш дека е мртов? Објави дека е мртов. Да кретену делува дека има инфаркт и дека дебелиот замина по ѓаволите. Не знам што направил. По пат сум, доаѓам таму“, ладнокрвно разговара со колешката Луке.
Во меѓувреме, Аугустина Косашов, инаку психијатар, на Луке му испраќала и текстуални пораки. Во нив го известува како нацијата реагира на смртта на Марадона.
„Во овој момент е со тимот во болница, се обидуваат да го реанимираат, но немаат големи шанси. Брзата помош задоцни десет или петнаесет минути“, напишала докторката.
„Влеговме во собата, Диего беше ладен, многу ладен. Се обидовме да го реанимираме, да ми ја подигнеме температурата, не успеавме. Ја напуштив собата, ништо не ми кажуваат, поради тоа заминав“, говори Луке по заминувањето од домот на Марадона и додава.
„Тоа е тоа. Аугустина, тоа моравме да го направиме. Семејството беше свесно, разговаравме. Некои пациенти се тешки. Јави ми каде ќе одат, да ги следам, доколку случајно преживее“.