Top Sport

Облак блескаше, Гризман и Мората ја решија Селта (Видео)

Атлетико Мадрид ја намалија разликата во однос на Барселона на девет бода, откако попладнево ја победија Селта 2:0. Гризман и Мората ги постигнаа головите за Атлетико во чии редови блескаше голманот Јан Облак.

Без централни дефанзивци, со двајца играчи од младинската школа Атлетико успеа да се справи си Селта, која ќе води жестока борба за опстанок.

Јан Облак во првиот дел имаше три неверојатно интервенции, со кои спречи водство на Селта. Во финишот на полувремето, во 41 минута, Гризман постигна брилијантен гол од слободен удар. За Французинот ова е 12 гол во Ла Лига оваа сезона.

И во вториот дел Селта имаше свои шанси за постигнување на гол, што Атлетико знаеше да го казни. Гризман во 74 минута му асистираше на Мората кој го постави конечниот резултат.

Scroll to Top