Top Sport

Обложувалница во Москва го признава голот на Роналдо

Кладилница во Москва, му го признала голот на Кристијано Роналдо против Србија. Роналдо, постигна гол во 92.минута, топката од голот ја исфрли Стефан Митровиќ, а целата ситуација не ја видоа холандските судии, предводени од Дани Макели.

Португалците жестоко протестираа, особено Роналдо, кој и пред да биде означен крај на мечот го напушти теренот, а на патот кон соблекувалната ја фрли капитенската лента.

Оние кои имале тикет уплатен во руската обложувалница со победа на Португалија, и оние кои играле дека Роналдо ќе биде стрелец, ги добиле своите облози.

Исто така, кладилницата го признава и нерешениот резултат.

Scroll to Top