Top Sport

Обновата на „Бернабеу“ ќе чини 893 милиони евра

Обновата на легендарниот стадион на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“ ќе чини вкупно 893 милиони евра, тврди „Марка“, анализирајќи ги годишните сметки на кралскиот клуб.

Според нивните извори, големиот дел од работата ќе се заврши во 2023 година, а инвестицијата во финансиската година 2022/23 чини 355 милиони евра. Позајмицата од 800 милиони евра е направена во претхдната финансиска година, а првата рата од исплатата ќе биде направена во текот на 2023/24, кога ќе треба да исплатат 34 милиони евра.

Реал очекува значителни економски ефекти од комплетирањето на работата, со зголемен број на продадени билети како и со други комерцијални погодности како туристички посети на стадионот.

Scroll to Top