Top Sport

Од 1. јули Меси секој ден губи по 100.000 евра

Лионел Меси од 1. јули годинава секој ден губи по околу 100.000 евра, или подобро речено не заработува по толкава сума пари, затоа што му истече договорот со Барселона.

Според пресметката на „Л`кип“, Аргентинецот веќе 10 дена нема приход од касата на Барселона. Округлата сума незаработени пари е 1 милион евра.

Меси во моментов е преокупиран со обврските со Аргентина, утре рано наутро ќе игра финале на Копа Америка – противник е Бразил. Лесно ќе му падне загубата на парите доколку аргентинскиот ас го освои својот прв трофеј со „гаучосите“.

Информациите се дека речиси сигурно тој ќе ја продолжи верноста кон каталонскиот клуб, но поради финансиските проблеми на Барса, ќе треба астрономската плата на првата ѕвезда на клубот драстично да се намали.

ПСЖ се уште има каква таква надеж дека Меси може да потпише за францускиот клуб. Останува да заврши Копа Америка, па да стане појасна судбината на Меси.

Scroll to Top