Top Sport

Од Барселона оди во Парма

Играчот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, кариерата би можел да ја продолжи во Серија А, во екипата на Парма.

Францускиот фудбалер, првиот дел од сезоната го мина на позајмица во Бенфика, каде што не доби шанса, поради што Португалците сакаат да го вратат на „Ноу Камп“. Роналд Куман не смета на неговите услуги, сличен третман Тодибо имаше и кај неговиот претходник Кике Сетиен, што значи дека ќе мора да бара нов клуб.

Парма покажале сериозен интерес за неговите услуги.

Тодибо, на 19 годишна возраст, во 2019 година за 1.000.000 евра од Тулуз се пресели во Барселона.

Scroll to Top