Милан ќе бидат активни во јанаурскиот преоден рок. На клубот му се потребни засилувања во сите линии, а прв на „Сан Сиро“ ќе пристигне играч на Барселона.
Италијанските медиуми тврдат дека младиот Французин Жан-Клер Тодибо се согласил да се пресели во Милано. За да биде реализиран трансферот Звонимир Бибан и Паоло Малдини требало само уште да го договорат обесштетувањето.
„Преговорите се започнати. Ценатат би требало да се движи помеѓу 20 и 25 милиони евра, но не исклучено најпрвин Тодибо да дојде како позајмен играч во Милан“, наведуваат италијанските медуми.
Тодибо, во јануари минатата година од Тулуз се пресели во Барселона. Поради силната конкуренција во дефанзивната линија тој успеал да одигра само четири натпревари.