Откако беа „прозвани“ во хрватските медиуми за „недостатокот на честитка“ за најдобриот фудбалер според ФИФА, Лука Модриќ, од Хајдук се јавија со бизарно соопштение во кое велат дека тие честитаат само на луѓе кои се поврзани со клубот.
Повеќето клубови од првата лига во Хрватска му честитаа на Модриќ за фантастичниот успех, но во Сплит, каде што Модриќ не е најомилен лик поради тоа што играше за Динамо Загреб и поради неговата поврзаност со контроверзниот Здравко Мамиќ, имаат поинаков став.
„Ситуацијата станува многу апсурдна околу тоа кој кому, зошто и како честиташе или не честиташе. Сега се форсира потенцирањето дека ХНК Хајдук на некој честитал и така се собираат поени. ХНК Хајдук честитал и ќе честита на поединци или група кои се поврзани со клубот или со градот Сплит. Друго тргување со ефтини поени не нѐ интересира“, се вели во Фејсбук постот на „билите“.