Top Sport

Од името на новиот стадион ќе заработат 200 милиони фунти

Евертон во блиска иднина ќе се пресели од култниот „Гудисон Парк“ на новиот стадион „Брамли-Мур Док“. Во изградба на новиот стадионот клубот ќе инвестира 500 милиони фунти.

Иако стадионот е во изградба, клубот веќе ги продале правата за името на стадионот. Евертон потпишале десет годишен договор со рускиот милијардер Алишер Усманов вреден 200 милиони фунти.

Кога ќе биде пуштен во употреба од сезоната 2023/2024 стадинот ќе го носи името „УСМ“.

Новиот стадион на Евертон ќе има капацитет од 62.000 места.

Scroll to Top