Top Sport

Од култниот стадион остана уште само една трибина (Фото+Видео)

Атлетико Мадрид во последната деценија стана еден од најголемите фудбалски клубови во светот. Пробивот го направија на својот легендарен стадион „Винсенте Калдерон“, кој 50 години беше нивниот дом.

Атлетико од септември 2017 година своите натпревари ги игра на ултра-модерниот стадион „Ванда Метрополитано“.

Откако клубот не доби дозвола од градските власти новиот стадион да го изгради на местото каде што беше „Винсенте Калдерон“, тие решија да го продадат земјиштето.

Од продажбата на земјиштето Атлетико заработи 150 милиони евра.

Веќе неколку месеци трае рушењето на култниот стадион, во последната фаза остана само уште една трибина. Трибината под која поминува булевар ќе биде срушена во наредните денови.

На местото каде што се наоѓаше „Винсенте Калдерон“ ќе биде изграден парк и деловни простори. Клубот од градските власти побрал на тоа место да биде поставена спомен плоча бидејќи не сакаат да го заборават местото на кое освоија десет шампионски титули во Ла Лига.

Scroll to Top