Top Sport

Од Меси по гајба пиво за Диего Алвес, Касиљас, Ирасис

Лионел Меси и неговите 644 гола во дресот на Барселона ги инспирирал маркетинг менаџерите на еден познат производител на пиво, да покренат една интересна кампања. Тие на сите голмани, на кои Меси им постигнал гол, им испратиле онолку пива колку што што биле совладана и на официјални натпревари од славниот Аргентинец. На листата има вкупно 160 голмани.

Најмногу голови Меси му дал на Диего Алвес голманот на Фламенго. Долгогодишниот член на Валенсија, во дуелите со Меси и Барселона примил 21 гол. На второто место е Горка Ирсаис (18), а гол помалку од Меси примиле Андрес Фернандес и Икер Касиљас.

Scroll to Top