Министерството за здравство на Шпанија, дозволи од 1.октомври, натпреварите во Шпанија да се играат пред полни трибини.
Сезоната во Шпанија започна со ограничен број на гледачи на трибините од 40 отсто, а од во септември, здравствените власти дозволија капацитетите да бида зголемени на 60 отсто.
Мерките за заштита на стадионите ќе останат.
Осмото коло во Примера, во петок ќе го отворат Атлетик Билбао и Алавес.