Top Sport

Од политички причини Салах си оди од Ливерпул!?

Мохамед Салах, најголемата ѕвезда на Ливерпул, од причини кои немаат врска со фудбалот туку со политиката, наводно се заканил дека ќе го напушти клубот. Ливерпул, во јануарскиот преоден рок, би можел да го донесе Израелецот Монес Дабур, од Салцбург, а Салах немал намера да ја дели соблекувалната со овој фудбалер.

Египет, како и сите земји од арапскиот свет, поради војните што ги воделе во минатото, има чувствителни односи со Израел. Тој сметал дека доколку ја дели соблекувалната со еден Израелец дека тој и неговото семејство ќе трпат голем притисок во татковината.

Во минатото Салах одбивал да се ракува со од Израел. Како играч на Базел, одбил да се ракува со фудбалерите на Макаби, а во Израел не сакал да ги погледне израелските знамиња.

Поради тоа, Египќанецот се заканил дека ќе побара трансфер доколку Ливерпул го донесе Дабур.

Монес Дабур зад себе има одлична сезоната. За Салцбург има постигнато 20 гола на 30 одиграни натпревари. Изминатите два месеци скаутите на Ливерпул неколку пати ги гледале во живо неговите настапи.

Интересно е тоа што иако е роден во Назарет, Дабур е муслиман и има арапско потекло. Меѓутоа решил да игра за Израел, држава која не ја признаваат арапските земји и која ја сметаат за свој непријател.

Очигледно е дека челниците на Ливерпул и менаџерот Јирген Клоп ќе треба да донесат тешка одлука, да го ангажираат Дабур и да останат без Салах или пак да се откажат од трансферот на Израелецот и да го здржат Египќанецот во клубот.

Scroll to Top