Ѕвездата на Ливерпул, Диого Жота во интервју за „Скај спортс“ признава дека никогаш не сметал дека ќе добие шанса да игра за клуб како Ливерпул, по „спориот“ старт на кариерата.
Португалецот немаше договор со професионален клуб до својата 16-та година, кога се приклучи на Пакос де Фереира во 2013 година. Потоа тој обезбеди трансфер во Атлетико Мадрид, но остана на позајмица во Порто пред да се пресели во англиската втора лига со Вулверхемптон во 2017. Три години подоцна, тој премина во Ливерпул за 45 милиони фунти.
„Во Португалија не е исто како во Англија. Играв за мал клуб и морав да плаќам месечно за да играм. Само кога преминав во Пакос почнав да добивам пари. Оваа глад за успех е со мене секогаш. Кога бев млад, никогаш не играв за големите тимови. Имав неколку соиграчи кои потоа играа во Порто или Бенфика, но јас не добив шанса. Бев меѓу подобрите, но никогаш најдобар. Затоа ја ценам секоја шанса. Сигурно не верував дека ќе заиграм за Ливерпул. Одев ден по ден“, вели 25-годишниот Португалец.