Барселона го означи Аргентинецот Лаутаро Мартинез како главна цел во летниот преоден рок. Во клубот сметаат дека тој би бил одлична замена за Луис Суарез, со кого би ги решиле проблемите во нападот на подолг период.
Сепак преговорите со Интер нема да бидат лесни, иако Лаутаро во договорот има клаузула според која во периодот од 1 до 15 јули може да го напушти клубот за 111 милиони евра.
Проблемот на Барселона е финансискиот фер-плеј. Каталонците немаат голем простор за трошење пари, најпрвин тие ќе мора да се ослободат од неколку играчи.
За неколкумина играчи Барселона потроши многу пари (Кутињо, Дембеле, Гризман), а во летниот преоден рок треба да си заминат и Артуро Видал, односно Нелсон Семедо.
Токму овие двајца Барселона се обидува да ги вклучи во трансферот на Лаутаро. Наводно тие ги понудиле Видал и Семедо плус 70 милиони евра за Лаутар.
Понудата од Интер без размуслување ја одбиле.
На „Џузепе Меаца“ не биле заинтересирани за размена, туку сам за кеш, а откупната клаузула на Лаутаро изнесува 111 милиони евра.