Top Sport

Одбраната на Јуве е ранета – и Бонучи е позитивен на корона

Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи е заразен со коронавирусот по враќањето од репрезентативните настапи, соопшти денеска клубот од Торино.

Бонучи е тестиран и моментно се наоѓа во домашна изолација. На почетокот на неделава беше соопштено дека четворица италијански репрезентативци се позитивни на Ковид 19.

Бонучи е вториот фудбалер кај „Старата дама“ кој е позитивен на опасниот вирус. Заразен во текот на настапите на турската фудбалска репрезентација е и дефанзивецот Мерих Демирел.

Јувентус во моментов има 55 бода и е на третата позиција на табелата, зад миланското дуо – Интер и Милан.

Бонучи во карантин ќе биде најмалку две недели, па во Серија А ќе ги пропушти дуелите против Торино, Наполи и Џенова.

Scroll to Top