Норвешкиот ас на Реал Мадрид, Мартин Одегард побарал трансфер од шпанските гиганти, откако лани имаше фантастична сезона со Реал Сосиедад, но тоа не донесе поголема минутажа под Зинедин Зидан кај „кралевите“, јавува „Марка“
Досега, во 2020/21, Одегард на теренот беше само 367 минути, по што тој бара да биде позајмен во друг клуб, додека Зидан сака да го заддржи во тимот поради недостаток на фудбалери од средниот ред.
Според „Марка“, се очекува претседателот на клубот Флорентино Перез, кој и така е посветен на мерките за кратење на трошоците да направи одлука дали Одегард воопшто ќе остане фудбалер на Реал Мадрид. 22-годишниот Одегард пристигна на „Бернабеу“ во јануари 2015 од Стромгодсет како 17-годишник, најавуван како голема ѕвезда, но оттогаш беше позајмен на холандските клубови Херенвен и Витесе, како и на Реал Сосиедад.