Top Sport

Одегард: Секогаш „топчија“ во срцето!

Норвежанецот Мартин Одегард преку социјалните мрежи се прости со навивачите на Арсенал, откако неговиот договор за позајмица со „топчиите“ заврши и тој се враќа во Реал Мадрид со надеж за повеќе минутажа под новиот тренер Карло Анчелоти.

22-годишниот Одегард се приклучи на Арсенал во јануари со шестмесечен договор, одигрувајќи 20 меча под Микел Артета и постигнувајќи два гола. Поранешното „чудо од дете“ од Норвешка, не доби вистинска шанса да блесне во дресот на Реал Мадрид и се надева дека сезоната 2021/22 ќе биде негова.

„Арсенал, благодарам за овие шест месеци. Времето поминато со семејството Арсенал секогаш ќе има посебно место во моето срце. Сакам да заблагодарам на сите во клубот за тоа што ме направија да се чувствувам како дел од семејството од првиот ден. Дури и без навивачите на трибините, ја чувствував нивната поддршка. Благодарам, ‘топчии’, секогаш ќе сте во моето срце“, напиша Одегард.

Scroll to Top