Top Sport

Одиграл 60 секунди, а ќе добие шампионски медал

Шпанскиот фудбалер Хесе Родригез ќе добие шампионски медал иако сезонава за ПСЖ има одиграно само една минута. Кариерата на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид оди по надолна линија од моментот кога се презели во Париз.

Хесе има 27 години, а најголемиот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Спортинг. Во ПСЖ повеќе не сметаат на неговите услуги.

Хесе е играч на ПСЖ од 2016 година, но за четири години одиграл само 16 натпревар. ПСЖ во меѓувреме го испраќале на четири позајмици.

Меѓутоа оваа сезона ја освои титулата со ПСЖ, иако одиграл само една минута и тоа во четвртото коло кога против Мец во финишот влегол во игра.

Scroll to Top