Франција, во неделата, ја освои втората светска титула во својата историја. Французите, во финалето, ја совладаа Хратска 4:2.
По завршувањето на натпреварот Французите славеа на теренот на „Лужники“ стадионот, а во центарот на вниманието беше левиот бек Бенжаман Менди.
Играчот на Манчестер сити, жестоко ја славеше титулата иако на Светското првенство одигра само еден меч, против Данска во третото коло, во Ц-групата.
Сепак, Менди, ќе влезе во историјата на современиот фудбал, бидејќи во последната година одигра само седум натпревари, а успеа да освои три трофеи.
Повредите не му ја распиаа сезоната на Менди, најпрвин со Манчестер сити ги освои трофеите во англиската Премиер лига и ФА купот, доби повик во националниот тим и ја освои најзначајната титула во кариерата.
Life as Benjamin Mendy… pic.twitter.com/ZKK0Q4Cs8B
— 101 Great Goals (@101greatgoals) July 16, 2018