Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп ги коментирал најавите дека е можно сезоната во Премиерлигата да биде поништена. Англиските клубови од денес можат да тренираат, додека се уште не е познато кога би можела да продолжи сезоната.
Ливерпул е лидер на табелата во Премиерлигата со предност од 25 поени во однос на Манчестер сити. Во случај сезоната да биде поништена Клоп смета дека неговите играчи ја заслужиле титулата.
„Постои можност сезоната да се поништи. Кога ќе слушнеш такви муабети веднаш си помислуваш, да одигравме 76 отсто од сезоната и сега се најде некој кој ќе го поништи тоа? Лично сметам дека тоа не е фер, да кажеме дека се ова не се случило. Први сме според резултатите на домашен терен, први сме според резултатите на гостинските натпревари. Ова е сезоната во која мораме да бидеме шампиони“, рекол Клоп.