Top Sport

Одложено враќањето, Погба се разболел

Пол Погба поради болест го одложил враќањето во тимот на Манчестер Јунајтед. Од клубот потврдиле дека францускиот репрезентативец деновиве не тренирал со соиграчите.

Очекувањата на „Олд Трафорд“ биле дека Погба неделава ќе започне да тренира со соиграчите откако целосно се рехабилитирал од повредата на скочниот зглоб. Оваа повреда го оддалечи Погба два и пол месеи од фудбалските терени.

„Се разболеле. Не тренира два дена, што не е добро. Ова веројатно ќе го врати назад два-три чекот назад“, рекол менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

Пол Погба оваа сезона има одиграно само шест натпревари за Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top