Top Sport

Одлуката е донесена – Садио Мане сака да замине од Ливерпул

Садио Мане решил по шест години да го напушти „Енфилд“ ова лето, јавуваат англиските медиуми, додавајќи на мизеријата на навивачите на Ливерпул по поразот во финалето на Лигата на шампиони од Реал Мадрид.

Пред големиот меч, Мане изјави дека ќе разговара за својата иднина по финалето, а шпекулациите го поврзуваа со трансфер во Баерн Минхен. Според „Дејли мејл“, тој веќе одлучил да си замине од тимот на Јирген Клоп, иако официјално не доставил барање за трансфер. Исто така се верува дека Ливерпул ќе бараат повеќе од 35 милиони фунти, колку што тврдеа германските медиуми.

„Тој е подготвен за нов предизвик по многу специјални години со ‘црвените’, тоа ќе биде наскоро потврдено од клубот. Баерн се први кандидати, но неговата иднина уште не е одлучена“, вели специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.

Scroll to Top