Top Sport

Одлуката за Јуве-Наполи следната недела

Иако се очекуваше спортскиот суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) да донесе одлука за неодиграниот меч Јувентус-Наполи денеска, италијанските медиуми тврдат дека за тоа ќе се почека до следната недела.

Според „Скај спорт Италија“, главниот судија Мастрандреа побарал повеќе време за да го проучи случајот и законите повнимателно пред да донесе одлука.

Наполи побара одложување на мечот со Јувентус поради одлуката на локалните здравствени власти во областа Кампанија да не им дозволат да патуваат за Торино по позитивните тестови на КОВИД-19 на Елиф Елмас и Пјотр Зиелниски. Затоа, „партенопеи“ воопшто не отпатуваа на мечот, додека фудбалерите на Јувентус се појавија сами на стадионот.

Се веруваше дека Наполи најаверојатно ќе го загубат мечот службено со 3:0 откако Јувентус тврдеа дека го следеле протоколот за разлика од нивните ривали. Меѓутоа, сега во италијанските медиуми не се сигурни за тоа каква одлука ќе биде донесена и дали мечот ќе биде презакажан, а Наполи ќе биде казнет со само еден поен поради непочитување на протоколот.

Scroll to Top