На спектакуларната церемонија во Кремљ во Москва, фудбалските ѕвезди ги одредија групите за Светското првенство во 2018 година во Русија, во кое на прв поглед нема група на смртта, иако балканските репрезентации ќе имаат јужноамерикански предизвик.
Хрватите можеби имаа најмалку среќа – се паднаа во групата Д, на Аргентина предводена од Лионел Меси, репрезентацијата која беше пред нив во квалификациите, Исланд, и секогаш незгодните Нигеријци.
Бразилците пак, ќе имаат два европски противници – моќната Швајцарија и Србија, како и претставникот од Северна Америка, Костарика.
Домаќините Русија ќе го отворат шампионатот против Саудиска Арабија на преубавиот „Лужники“, а во својата „релативно“ лесна група ги имаат уште Уругвај и инспирираниот Египет предводен од Мохамед Салах.
Групата Б носи „ибериски“ дуел меѓу Португалија и Шпанија, заедно со Мароко и Иран, чиј тренер е Карлос Кеирош, Португалец кој има доста искуство со работа во Шпанија.
Англичаните можеби ја добија „најлесната“ група, откако покрај полниот тим со ѕвезди на Белгија, тука се и Панама, како и Тунис.
ГРУПА А
Русија
Саудиска Арабија
Египет
Уругвај
ГРУПА Б
Португалија
Шпанија
Мароко
Иран
ГРУПА Ц
Франција
Австралија
Перу
Данска
ГРУПА Д
Аргентина
Исланд
Хрватска
Нигерија
ГРУПА Е
Бразил
Швајцарија
Костарика
Србија
ГРУПА Ф
Германија
Мексико
Шведска
Јужна Кореја
ГРУПА Г
Белгија
Панама
Тунис
Англија
ГРУПА Х
Полска
Сенегал
Колумбија
Јапонија