Монако потврди дека хрватскиот стручњак Нико Ковач е новиот тренер на екипата. Информациите се дека уште утре тој ќе е појави на тренингот со екипата.
„Многу сме среќни што Нико Ковач доаѓа во клубот. Во новата сезона се отвора ново поглавје за Монако. Ковач е познат по својата работа, добра работа со младите играчи кои напредуваат под негово водство и управува со веќе афирмирани играчи. Способен е да оствари добри резултати“ – рече Олег Иванов, потпретседател на Монако.
Хрватот на клупата го менува Роберто Морено кој во клубот беше само 7 месеци.
Монако е шестата самостојна работа за Ковач кој отпрвин ја предводеше втората екипа на Салцбург, па младата, а потоа и сениорската селекција на Хрватска. Потоа тренерот беше на клупата на Ајнтрахт Франкфурт, а последната работа му беше на клупата на минхенски Баерн.
Монако сезоната ја заврши на деветтата позиција.