Хаос настана во 36 минута на мечот меѓу Аталанта и Болоња што со 1-0 му припадна на клубот од Бергамо.
Тренерите на двете екипи, Џан Пјеро Гасперини (Аталанта) и Синиша Михајловиќ (Болоња) влегоа во жесток вербален дуел.
Додека Гасперини се жалеше кај судијата по еден фаул, Михајловиќ со пцовки кон постариот колега.
Најверојатно Гасперини знае српски, па разбра што му порача колегата од спротивната клупа, но на крајот зачудувачки тој доби црвен картон, а Михајловиќ само жолт.
Nano di merda #AtalantaBologna pic.twitter.com/TVcQ0cldGo
— LaBrujita (@LaBrujia) July 21, 2020