Top Sport

Ограбен водачот на бунтот во Наполи

Нема крај на хаосот што се случува во Наполи. Италијанските медиуми во своите извештаи го означиле Бразилецот Алан како водач на бунтот. Алан синоќа преживеал вистинска драма во својот дом.

Непознати сторители најпрвин ги искршиле прозорците на неговиот дом, потоа влегле внатре и го ограбиле сефот. Заминале со мал плен, бидејќи игнорирале некои вредни работи како на пример торба вредна 10.000 евра.

Во Италија се шпекулира дека ова е одмазднички чин кон Алан, што е застрашувачки бидејќи во домот во текот на грабежот биле неговите две деца и бремената сопруга.

Со оглед на настаните јасно е дека Алан ќе биде ставен на трансфер-листата, а заедно со него и двајцата сенатори Хозе Калјехон и Дрис Мертенс.

Scroll to Top