Top Sport

Октет фудбалски легенди ќе им ја крои судбината на учесниците на СП

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) откри кој на ждрепката во Москва ќе им ја крои судбината на учесниците на мундијалот во Москва.

Групите за Светското првенство, кое од 14 јуни до 15 јули 2018 година ќе се одржи во Русија, ќе бидат извлечени на 1 декември во Кремљ. ФИФА во петокот откри дека поранешниот англиски репрезентативец и најдобар стрелец на мундијалот во Мексико во 1986 година, Гери Линекер, и руската новинарка Марија Команднаја ќе бидат водители на целата програма.

Денес, Светската фудбалска федерација на својот налог на „Твитер“ ги објави и имињата на фудбалските великани што ќе помагаат на ждрепката, односно имињата на учесниците кои ќе им ја кројат судбината.

Топчињата ќе ги влечат фудбалските легенди Лоран Блан (Франција), Гордон Бенкс (Англија), Кафу (Бразил), Фабио Канаваро (Италија), Диего Форлан (Уругвај), Карлес Пујол (Шпанија), Диего Армандо Марадона (Аргентина) и Никита Симонјан (Русија).

На мундијалот во Русија ќе учествуваат 32 селекции, кои ќе бидат распределени во осум групи со по четири репрезентации.

Распоред на репрезентациите:
1. Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција
2. Перу, Шпанија, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај, Хрватска
3. Иран, Сенегал, Египет, Тунис, Шведска, Костарика, Данска, Исланд
4. Србија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја, Саудиска Арабија.

Scroll to Top