Top Sport

„Олд Трафорд“ во молк – Јунајтед губи со 0:2 од Аталанта по 45 минути

Иако се очекуваше мечот со Аталанта да биде совршен одговор на кризата во која се наоѓа Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ успеаја да имаат кошмарно прво полувреме пред својата публика, губејќи со 0:2 од италијанскиот тим, кој ги искористи сите грешки на противникот.

Марио Пашалиќ во 15. минута се најде на вистинското место по асистенцијата на Давиде Запакоста за молк на „Олд Трафорд“, а дека проблемите во тимот на Оле Гунар Солскјер се значителни се покажа во 29. минута, кога по корнер, Мерсих Демирал лесно ја натскока целата одбрана на домаќините за 0:2. Солскјер, кој најави „промени“ во тимот по 4:2 поразот од Лестер, го остави Пол Погба на клупата, но стартери беа Роналдо, Фернандеш и Рашфорд.

Во другите мечеви, Челси има 2:0 против аутсајдерот Малме, Вилјареал води со 0:2 кај Јанг Бојс, а во три меча уште чекаме гол.

ЛШ, 3.КОЛО, ПО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

Бенфика – Баерн Минхен 0:0

Челси – Малме 2:0

Лил – Севилја 0:0

Манчестер јунајтед – Аталанта 0:2

Јанг Бојс – Вилјареал 0:2

Зенит Санкт Петерсбург – Јувентус 0:0

Лесно водство на Челси и незгодна повреда на Лукаку

Scroll to Top