Фудбалскиот клуб ЦСКА од Москва ја раскина соработката со тренерот Ивица Олиќ (41). Олиќ само два и пол месеци беше тренер на ЦСКА.
Помошникот на Златко Далиќ, во стручниот штаб на хрватската репрезентација, тренер на ЦСКА стана на почетокот на март.
Го предводеше тимот во последните пет натпревари во сезоната, забележа само една победа, а клубот на крајот го освои шестото место. Во Купот на Русија, ЦСКА беа елиминирани во полу-финалето, од градскиот ривал Локомотив.
„Имавме различна визија како во иднина треба да се работи со првиот тим“, рекол меѓу другото Олиќ.
Нов тренер на ЦСКА ќе биде клупската легенда, Алексеј Березуцки.