Top Sport

Олимпијакос смени уште еден тренер

Цакис Лемонис (58) повеќе не е тренер на грчкиот шампион Олимпијакос, објави клубот на својата интернет-страница.

Најуспешниот фудбалски клуб во Грција на Лемонис, кој беше само вршител на должноста тренер на првиот тим, му се заблагодари на тримесечната соработка и вети дека ќе понуди нова работа.

Според грчките медиуми, жешкото столче ќе му биде понудено на Шпанецот Оскар Гарсија.

Овој тренер во ноември доби отказ во Сент Етиен, а претходно бил тренер на Салцбург.

Лемонис во октомври го замени Бесник Хаси.

Scroll to Top