Ако првиот меч на Жозе Мурињо во Премиер лигата како тренер на Тотенхем помина одлично, првите 20 минути од дебито во ЛШ против Олимпијакос не ветуваат многу – грчкиот тим има шокантно 0:2 водство во Лондон.
Јусеф Ел Араби уште во шестата минута донесе водство за гостите од Пиреја, а веќе во 19. минута, Рубен Семедо зголеми на 0:2 за молк на новиот стадион на Тотенхем.
Карим Бензема пак, донесе рано водство за Реал Мадрид во дуелот со Пари Сен-Жермен, каде што „кралевите“ ќе се обидат да се одмаздат за убедливиот 3:0 пораз од Париз.