Олимпијакос го освои првиот европски трофеј во историјата, откако синоќа во големото финале во Атина црвено-белите по продолженија ја совладаа Фиорентина со 1:0 (0:0).
Ретко кој очекуваше ваков расплет, особено по првите осминафинални натпревари, кога грчкиот тим имаше само 0,1 отсто шанси да го освои трофејот.
По поразот во првиот осминафинален меч, на домашен терен од Макаби Тел Авив, специјализираната платформа OПTA на грчкиот тим му даде минорни шанси дека може да дојде до трофејот.
Но Грците во реваншот одиграа сензационално славеа со 6:1, а потоа славеа и против
Фенербахче, Астон Вила и на крај Фиорентина.
Сите останати екипи, според оценката на платформата ОПТА, имаа многу поголеми шанси за освојување на трофејот по првите осминафинални натпревари.