Top Sport

Оливеира со гол во дебито за Рома, „минималец“ против Каљари

Рома ја прекина серијата од три меча без победа во Серија А, откако новото засилување на тимот на Жозе Мурињо, Сержо Оливеира го постигна својот прв гол во дебито за неубедлива 1:0 победа над Каљари во 22. коло во италијанскиот шампионат.

„Волчицата“ доби пенал во 33. минута кога Енрике Далбер играше со рака во сопствениот шестнаесетник, и Оливеира, кој пристигна на позајмица од Порто, успешно го реализираше.

Со победата, Рома се искачи пред градскиот ривал Лацио на шестото место на табелата со идентични 35 поени, и шест зад Јувентус и Аталанта. Каљари останува во зоната за испаѓање на 18. место со 16 поени, два над безбедната зона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top