Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Дани Олмо го отвори резултатот на второто четврт-финале од Лигата на шампионите, откако успеа да им донесе на РБ Лајпциг 1:0 водство во дуелот со Атлетико Мадрид.
По првото полувреме, во кое немаше голови ниту многу шанси, Олмо во 51. минута доби одлична топка од Забицер и со глава го совлада Јан Облак за водство на „биковите“.
GOL DE DANI OLMO ! #RBLATM #RBLAtleti #RBLATL #ChampionsLeague pic.twitter.com/4REjOvgWhQ
— Mercado da bola ( Admin:Robson ) (@RobsonNunesMB) August 13, 2020