Top Sport

Олмо не сака во Лајпциг, доаѓа во Милан?

Италијанскиот калчолигаш Милан ова лето би можел да се обиде во своите редови да го донесе шпанскиот репрезентативец, Дани Олмо.

22-годишниот талентиран фудбалер кој јавноста го забележа по одличните изданија во загребски Динамо сега е член на бундеслигашот Лајпциг.

Олмо за Лајпциг потпиша четиригодишен договор пред 6 месеци, а неговата откупна клаузула е 80 милиони евра.

Во Милан се надеваат дека во трансферот на Олмо на „Чизмата“ ќе помогне новиот кормилар на „Росонерите“ во идната сезона, Ралф Рангник кој оваа сезона има функција директор за спорт и развој во Лајпциг.

Scroll to Top