Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, на брифинг со новинарите, откри неколку новитети, кои бидат имплементирани оод сезоната 2025/2026 во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Сите натпревари од ПМФЛ, ќе имаа ТВ покриеност, како што откри Омерагиќ, три натпревари ќе се емитуваат на МРТ, а три на Арена спорт.
„Натпреварите од ПМФЛ ќе се играат во три, можеби и четири дена: петок, сабота, недела и понеделник. Договорено е да има пренос од секој натпревар. Засега имаме три стадиони со рефлектори, четвртиот ќе биде оној во Тетово“, ја пренесува „makfudbal.mk“, изјавата на Омерагиќ.
Првиот човек на ФФМ, исто така откри дека ВАР системот конечно ќе започне да се употребува во ПМФЛ.