Top Sport

Она кога голманот ќе одбрани од зад голот! (видео)

Од бразилскиот фудбал ни доаѓа една од најневеројатните одбрани во светот на фудбалот, кога голманот на Фигуериенсе успеа да ја истурка топката од својот гол од зад голот во дуелот со Понта Прете, а судијата не го забележа тоа.

Додека гостите Фигуериенсе водеа со 3:1 во судското продолжение, топка од далеку удри во пречката на голот, а потоа во голманот Жозе Гијерме Пегорари, кој од зад својот гол успеа да ја истурка топката од својот гол.

Бидејќи во Серие Б, бразилската втора лига нема ВАР-систем, голманот успеа да се извлече со овој итар потег.

Scroll to Top