Top Sport

Она кога пријателски меч ќе прерасне во општа тепачка (Видео)

Пријателскиот натпревар помеѓу екипата на Лидс до 23 години и Рил од Велс, беше се само не пријателски и не го дочека својот крај.

Мечот бил прекинат во второто полувреме кога настанала општа тепачка помеѓу фудбалерите, а тренерот на Лидс веднаш ги повлекол своите играчи од теренот.

Непобитен факт е дека искусните играчи на Рил ги нападнале младите фудбалери на Лидс.

Во еден момент играчите на Рил го опкружиле Брајс Хосан, а потоа во инцидентот се вклучиле и играчите на Лидес, а впечаток е дека најлошо поминал Пади О’Конор кој застанал во одбрана на својот соиграч.

Од Лидс не го коментираат инцидентот, додека Рил најави интерна истрага.

Scroll to Top