Top Sport

Онази се сели во Црвена звезда

Огени Онази (27) се наоѓа пред трансфер во Црвена звезда пишуваат медиумите во Нигерија. Онази во редовите на српскиот шампион ќе пристигне како слободен играч бидејќи ми истече договорот со Трабзон.

Овој поранешен репрезентативец на Нигерија (52 настапи, еден гол) во периодот од 2012 до 2016 година играше во Лацио. Тренерот на Црвена звезда Дејан Станковиќ добро ги знае неговите квалитети.

Онази од црвено-белите побарал годишна плата од 450.000 евра, а според најавите тој треба да потпише три годишен договор.

Scroll to Top