Дефанзивецот на Тотенхем, Серж Орие признава дека сака да замине од клубот ова лето, и посакува повторно да заигра за Пари Сен-Жермен.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска беше поврзуван со враќање во ПСЖ, но и со трансфер во Милан и со повеќе шпански клубови.
„Сите знаат дека ако сакав да го продолжам договорот со Тотенхем, ќе го направев тоа досега. Нема да се предомислам за шест месеци. Мислам дека дојдов до крај на циклус и дека е време да си ја побрам среќата на друго место. Никогаш не сум криел дека еден ден сакам да се вратам во ПСЖ, бидејќи тоа е клуб кој го сакам. Ако има понуда, ПСЖ ќе биде мојот прв избор“, изјави Орие за „Л’Екип“.