Top Sport

Орие завршил в полиција, бил пријавен за семејно насилство

Десниот бек на Тотенхем, Серж Орие, минатиот викенд бил уапсен под обвинение за семејно насилство, но веднаш бил пуштен.

Орие, не беше во протоколот на натпреварот што во неделата го играа Тотенхем и Манчестер Јунајтед (0:1). Три дена по натпреварот клубот ја открил причината порад која репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска не бил меѓу 18. фудбалери што биле во конкуренција за дербито.

Лондонската полиција добила пријава од девојката на Орие за семејно насилство. Тој завршил во полициска станица, а откако бил обавен информативниот разговор, тој пуштен. Против Орие не била покрената никаква постапка.

Десниот бек се соочува само со санкции од својот клуб. Клупскиот портпарол рекол дека се запознаени со целиот случај, како и дека против играчот полицијата нема да поведе никаква постапка.

Орие една година е во врска со ријалити-ѕвездата Хенча Војт, која во САД се прослави како фитнес-модел. Таа по потекло е од Хаити, а благодарение на едно ријалити-шоу стекнала голема популарност.

Scroll to Top